Скулпторот Славчо Спировски се претставува во галеријата на Македонскиот центар во Њујорк со изложбата насловена „Аголност на илузијата на пакетирањето“.
„Станува збор за концептуално дело, односно просторна подно-ѕидна инсталација во галерискиот простор. Оваа просторна сензација е промислена и подготвена специјално за просторот на Галеријата“, изјави Спировски за Македонското радио.

Од Здружението за култура и уметност „КултурОп“ велат дека изненадување на свеченото отворање на изложбата бил настапот на македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески.