ГАЛ ГАДОТ ГО СМЕНИ ИЗГЛЕДОТ ЗА „ВОНДЕР ВУМАН 2“ ВО СТИЛОТ НА 80-ТИТЕ

Лос Анџелес, (Ем-Ти-Ви)

Израелската актерка Гал Гадот на Твитер објави прва фотографија од костимот како Вондер вуман, за продолжението на блокбастерот од 2017 година, насловено „Вондер вуман 1984“ .

Фановите беа повеќе од возбудени, за неколку часа, фотографијата беше ретвитната 50.000 пати, со над 200.000 лајкови.

Иако нема драстична разлика во изгледот на суперхеројката споредено со филмот од 2017 година, костимот е исто така златен со црвена боја, но косата ѝ е навиткана во локни, натапирана  со многу лак, во стилот на 80т-тите години на минатиот век.

„Вондер вуман 1984“ , повторно во режија на Пети Џенкинс, се очекува во кината во 2019 година.