ХОЛАНДИЈА СЀ ПОВЕЌЕ КОРИСТИ РОБОТИ-КЕЛНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Мастрихт, (Ројтерс)

Триото роботи Ејми, Ејкет и Џејмс послужуваат во ресторанот „Дадаван“ во холандскиот град Мастрихт како помош во спречувањето на ширењето на коронавирусот. Роботите одат до и назад од шанкот во азискиот ресторан, носат пијалаци и им наплатуваат на муштериите.

Менаџерот на ресторанот Пол Сијбен вели дека персоналот не се чувствува загрозен од новите „колеги“. Шанкерот, со заштитна опрема, ги поставува пијалаците на послужавниците, притиска број на масата за каде е нарачката и се повлекува наназад додека роботот ги носи до гостите.

„Здраво, ова е вашата нарачка. Ве молам, подигнете ја од послужавникот. Ќе се вратам автоматски за 20 секунди“, им се обраќа Ејми на две жени седнати во ресторанот.

Иако роботите-келнери се појавија во Кина уште пред неколку години и оттогаш се честа глетка низ светот, веќе почнаа и холандските ресторани да ги користат.