Холивудската актерка Блејк Лајвли важи за модна икона која секогаш се истакнува на црвениот тепих и нејзиниот изглед за синоќешната Мет гала не беше исклучок.
На тематската вечер „Небесни тела: мода и католичка имагинација“, глумицата се појави во гламурозен фустан во бордо и златна боја на „Версаче“, за чија изработка биле потребни 600 часови.
„Овој фустан е мојот најомилен воопшто“, изјави таа пред настанот.
На фустанот има рачно нанижани бисери, украсни ливчиња и скапоцени камења. На нозете, пак, имаше проѕирен материјал со долг и богат златен вез.
Драматичниот изглед го надополни златниот ореол на главата, а Лајвли носеше и специјално изработен накит, за кој се погрижиле нејзината блиска пријателка Лорен Шварц и Кристијан Лубутен.
Во едно неодамнешно интервју, таа изјави дека нема стилист и дека за своите јавни појавувања, самата одлучува што ќе носи од тоа што ќе ѝ го понудат дизајнерите.
„Откако ќе ги добиете алиштата, само изберете што да носите, како и секое друго човечко суштество“, рече Лајвли.