ЛЕБРОН ЏЕЈМС ДОЈДЕ НА НАТПРЕВАР СО ЧАНТА ОД АЛИГАТОРСКА КОЖА ОД 41.000 ДОЛАРИ

Оукленд, (Јаху спортс)

Најдобриот кошаркар на светот Леброн Џејмс изгледаше како манекен кога доаѓаше на првиот натпревар од финалето на НБА-лигата помеѓу Голден Стејт и неговиот Кливленд, што се играше во Оукленд.

Кога се појави во „Оракл арена“, тој носеше облека и други додатоци во вредност од 46.000 долари, но најголем дел од оваа сума отпаѓа на една работа.

Тоа е чантата на „Мистер Том бег“, која е направена од стопроцентна алигаторска кожа. Увезена од Италија, таа чини 41.000 долари.

Леброн е познат како модно освестен спортист, а за оваа прилика избра чудна комбинација на одело од Том Брауни од 2.500 долари и куси панталони. Својот стил го дополни со чевли од 2.000 долари и очила за сонце од 525 долари. За да се изолира од околината му послужија слушалки од речиси 200 долари.