ЛЕТОНСКА ДИЗАЈНЕРКА СОЗДАДЕ КОЛЕКЦИЈА НА УДОБНА ОБЛЕКА ЗА ВИДЕОСОСТАНОЦИ ОД ДОМА

Ајднховен, (Дезин)

Апсолвентката на Универзитетот за дизајн во Ајндховен, Санта Купча, направи дипломска колекција на облека која може да се носи за време на видеоповици и состаноци во периодот на изолација или карантин поради пандемијата на ковид-19.

Колекцијата содржи три парчиња облека, кои се удобни и наликуваат на јоргани, а секоја од нив е различна во зависност од видеосостанокот.

Фото: Дезин

„Ковид-19 и карантинот влијаеја на мојот дипломски проект. Зборувајќи секојдневно преку екранот, често се збунував, се чувствував како да сум во некој меѓупростор, ни дома, ни сконцентрирана во разговорот. Бев деконцентрирана зашто сакав да видам како изгледам на екранот додека зборувам со луѓето и со светлото околу мене. Си реков зошто да се чувствувам како заробена дома, зошто да не бидеме крал/кралица на сопствениот замок“, изјави дизајнерката од Летонија.

Фото: Дезин