„Шанел“ направи егзотична плажа за ревијата на Париската модна недела. Моделите одеа боси по песокот, носејќи ги препознатливите палта од твид и шапки.
Модната куќа, позната по екстравагантните ревии, направи плажа во изложбениот центар на Големата палата. Меѓу славните гости, во првите редови беа пејачот Фарел Филијамс и актерката Памела Андерсон.

Дизајнерот на „Шанел“, Карл Лагерфелд, на крајот од ревијата ги поздрави гостите од една куќарка на плажата.
Париската модна недела завршува денеска.