Канскиот филмски фестивал, освен што важи за еден од најпрестижните настани во светот на филмаџиите, го држи првото место за најочекуван црвен килим на годината. Славните парадираат низ папараците и обожавателите во нивните гламурозни креации за време на целиот 11-дневен фестивал на француската ривиера.

Тилда Свинтон (Фото: Гети)

На вчерашното отворање на 72. издание на фестивалот, меѓу другите, се појавија Ел Фенинг, Тилда Свинтон, Селена Гомез, Ева Лонгорија и Џулијан Мур, правејќи го отворањето совршен спој на љубовта кон филмот и модата.

Џулијан Мур (Фото: Гети)

Фестивалот го отворија шпанскиот актер Хавиер Бардем и француската актерка Шарлот Гензбург, а потоа се прикажа зомби-комедијата на Џим Џармуш, „Мртвиот не умира“, со Бил Мареј, Адам Драјвер, Клое Севињи, Тилда Свинтон и Селена Гомез.

Екипата на „Мртвиот не умира“ со режисерот Џим Џармуш (Фото: Ројтерс)

Американската актерка Ел Фенинг е член на жирито (Фото: Гети)

Хавиер Бардем и Шарлот Гензбург (Фото: Гети)

Селена Гомез (Фото: Гети)

Топ моделот Алесандра Амброзио (Фото: Гети)