Огромни фустани со многу тил, пердуви и чипка владееја на црвениот килим за време на Канскиот филмски фестивал, кој траеше од 14 до 25 мај.

Критичарите велат дека не недостасуваа ни предолги наметки, монохроматски изглед и шари.


„Мислам дека годинава ѕвездите во Кан носеа или нешто големо или нешто проверено, класично и тоа ми се допаѓа“, рече стилистката од Њујорк, Елизабет Салцер.


Фестивалот на француската ривиера важи за еден од најценетите и најпрестижни настани кој ги спојува филмот и модата.








Фото: Гети