АВСТРАЛИСКИ ОСТРОВ ПРИМА САМО 400 ТУРИСТИ ВО ИСТО ВРЕМЕ, 85 ПРОЦЕНТИ Е ВО ШУМА, 15 СЕ НАСЕЛБИ

Австралија, (Си-Ен-Ен)

Островот Лорд Хау во Австралија е познат по зелените планински врвови, чистите плажи со бел песок и бистрата вода. Сепак, на овој остров со околу 400 луѓе, плажите се празни. Единствените звуци доаѓаат од дивиот свет.

Тајната на тој недопрен пејсаж е тактиката што се користи на многу малку други места, ограничување на бројот на туристи кои можат да го посетат.

Повеќе од 40 години, Лорд Хау има имплементирано ограничување од 400 туристи истовремено со одредување на бројот на легла достапни за посетителите за да не се прави гужва. Ова правило е воведено и за да се заштитат многуте уникатни ендемски видови на Лорд Хау, кои му помогнаа на островот да се здобие со признание како светско наследство на УНЕСКО во 1982.

Лиса Макити која изнајмува смештај на островот, вели дека има резервации до 2026 година. Авионските билети за повратно патување во Сиднеј може да чинат над 666 американски долари, а во шпицот на летната сезона, сместувањето за двајца може да се движи од 200 до над 3.000 американски долари за ноќ.
Повеќе од 85% од островот сè уште е покриен со својата природна шума, а околу 70% е зеленило. Станбените населби зафаќаат само 15 проценти од островот.  Многу жители потекнуваат од оригинални доселеници кои пристигнале во 1800-тите.

„Оние семејства кои биле тука за тие пет, шест, седум генерации отсекогаш препознале колку е посебен нивниот животен стил овде“, рече Иан Хатон, фотограф кој живее на островот од 1980.
Иако е долг само 11 километри, островот е преполн со растенија и животни кои ги нема на друго место. Дождовните шуми се полни со ретки растенија, орхидеи и ретки птици кои ги има и на брегот.

„Плажите се на само неколку минути пешачење или возење велосипед подалеку од куќите за гости, што го прави Лорд Хау најлесен за одмор“, рече Ентони Ридл, локалецот од шестата генерација кој е коосновач на компанијата за пиво на островот.