Премиерот Педро Санчес им порача на странските туристи дека можат да го планираат својот одмор во Шпанија ова лето. Тој кажа дека земјата ќе се отвори за странските туристи на 1 јули, при што ќе начекаат безбедни услови, не прецизирајќи што значи тоа.
Од 25 мај, поголемиот дел на Шпанија е во втората фаза од владиниот план за деескалација, додека Барселона и Мадрид конечно влегоа во првата фаза, што дозволува собири до десет луѓе и отворање на терасите на кафулињата и рестораните со половичен капацитет. До 1 јули, се очекува Шпанија да биде во четвртата фаза, до кога ќе биде укинат и задолжителниот 14-дневен карантин за сите кои влегуваат во земјата.
Шпанија е втората најпосетена земја на светот, после Франција, со 80 милиони странски гости годишно.
„На Шпанија ѝ е потребен туризам. Денеска на сите им испраќам порака дека Шпанија ве очекува од јули“, изјави Санчес.
Шпанија прогласи вонредна состојба на 25 март и оттогаш беше во еден од најстрогите карантини во Европа.