ПАРИЗ СЕ ПОВРЗА СО АТЛАНТСКИ ОКЕАН СО 420 КИЛОМЕТРИ ДОЛГА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ДОЛЖ РЕКАТА СЕНА

Париз, (Лонли планет)

Со децении, Париз и велосипедисти не одеа баш заедно. Автомобилите беа кралеви на сообраќајот, но оваа година тоа почна да се менува благодарение на коронавирусот.

За време на карантинот, Париз отвори нови 50 километри велосипедски патеки долж некои од главните сообраќајници и овие таканаречени „коронаписти“ требаше да бидат привремени, за потоа да станат постојани.

Франција сега реализираше уште поамбициозен велосипедски проект, кој го поврзува Париз со Нормандија, односно со Атлантски Океан. Отворена на 15 октомври, оваа велосипедска маршрута е долга 420 километри и ја следи реката Сена.

Почнувајќи од Париз, „Ла Сен а вело“ поминува низ осум француски департмани и завршува во градовите Авр и Довиј во Нормандија. Возачите попат имаат можност да се запознаат со богатото културно, историско и индустриско наследство на различни региони и да уживаат во живописни пејзажи и локална гастрономија.