ПРСТЕНОТ ЗА ЧУВАЊЕ ВИЈАГРА НА ХЈУ ХЕФНЕР СЕ ПРОДАДЕ ЗА 22.000 ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Златниот прстен во кој основачот на „Плејбој“ Хју Хефнер чувал апчиња вијагра се продаде за 22.400 долари на аукција во Лос Анџелес.

Хефнер, кој изврши големо влијание врз сексуалната револуција во 60-ите години на минатиот век со неговите списание и ноќни клубови, почина лани на 91 година. Тој го остави своето наследство на неговата фондација, која ги стави предметите на продажба.

Неговиот заштитен знак, црвениот пењоар, се продаде за 41.600 долари, но највисока цена, од 162.500 долари, изненадувачки достигна машината за пишување, на која Хефнер го пишувал првото издание на „Плејбој“ во 1953 година. Неговиот личен примерок од првиот број, со Мерилин Монро на насловната страница, е купен за 31.250 долари.

Целиот комплет списанијата за возрасни, од 1953 до 2013 година, се продаде за 76.800 долари, а неговата бела морнарска капа за 19.200 долари.