На ексминистерот за внатрешни работи Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од траење од 30 дена. Тие се сомничат дека го сториле кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, е уапсен затоа што два часа не ѝ давал наредба на полицијата да интервенира вечерта на 27 април.

Игор Дурловски кој заедно со Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Владо Јовановски беа водачите на протестите „За заедничка Македонија“, се товарат дека го предводеле упадот на толпата во Собранието

Вчера триесет и шест лица, вклучувајќи поранешен министер и актуелни пратеници во Собранието на Република Македонија, беа приведени во големата полициска акција, која за цел ги имаше учесниците во организираниот напад во парламентот од 27 април.

За делото за коешто се сомничат приведените е предвидена казна затвор од најмалку десет години.