Австралиски научници велат дека мапирале милион нови галаксии благодарение на нов напреден телескоп сместен во пустина. Националната вселенска агенција (ЦСИРО) објави дека системот АСКАП создал нов атлас на вселената во рекордно време, прикажувајќи досега невидени детали.
Тој мапирал вкупно три милиони галаксии, при што се откриваат двојно повеќе детали во однос на претходните истражувања. Астрономите се надеваат дека нивните снимки ќе водат кон нови откритија за вселената.
ЦСИРО вели дека мапирањето траело само 300 часови, додека за претходните целосни истражувања на небото биле потребни години.
„Очекуваме да откриеме десетици милиони нови галаксии при следните истражувања“, изјави водачот на истражувањето, Дејвид Меконел.
АСКАП е колекција од 36 сателитски антени кои работат заедно за да фаќаат панорами на небото. Системот е лоциран во зафрлена област на Западна Австралија и се простира на површина од шест километри. АСКАП е претходник на меѓународен проект за изградба на најголемиот радиотелескоп на светот, што ќе се наоѓа во Јужна Африка и Австралија.