Денеска од 18:30 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) предавање ќе одржи Лорен Андерс, професорка по урбани студии на Универзитетот во Лондон.
Предавањето насловено „Градовите и привремениот урбанизам“ се однесува на прашањето како „привремениот урбанизам“ може да биде одговор на специфичните потреби на градовите, односно да биде пристап кон трансформацијата на нивните социо-економски простори и урбани контексти.
Истражувачките и академски интереси на Андерс се фокусираат на урбаната географија и урбаното планирање во различни просторни и временски опкружувања. Таа има комплетирано 13 меѓународни интердисциплинарни истражувачки проекти во Европа, јужна и источна Африка и Бразил.