Македонската јуниорска репрезентација освои четири бронзени медали на Олимпијадата по природни науки, која се одржа во Богота, Колумбија, од 2 до 12 декември.
Ваков успех остварија Теона Ана Георгиевска и Михаил Шапчески од ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, Искра Нечаковска од СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола и Даниел Христов од СОУ „Славчо Стојменски“ во Штип. На Олимпијадата настапија и Марко Серафимовски од Скопје и Олег Трајковски од Битола.
„Учествуваа повеќе од 300 деца од 50 земји. Натпреварувачите имаа по три теоретски тестирања и по три задачи во практичниот дел. Сите наши учесници покажаа одлични знаења и сосема заслужено освоивме четири бронзи“, изјави лидерот на македонскиот тим, проф. Боце Митревски.
Т. ЈОВАНОВСКИ