ДКЦ „КАРПОШ“ ЗА ПРВПАТ ОРГАНИЗИРА ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКА КРЕАТИВНОСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Градски парк вчера беше отворен првиот Интернационален фестивал на детската креативност „Трамболини“. Фестивалот, кој е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, е прв фестивал од ваков тип во нашата земја, кој преку едукативни и креативни работилници има за цел да ги развие креативноста и љубопитноста кај децата.

„Разните активности ќе бидат вистинско освежување после повеќемесечниот карантин и ќе се случуваат на повеќе локации во градот, каде што децата ќе ја развиваат својата креативност во различни области: уметност, музика, драма, филм, литература, природни науки, археологија. Учество ќе земат и угледни професори од земјата и странство, кои ќе бидат и носители во одредени области. Работилниците ќе се реализираат на отворено, но и во јавните институции кои се партнери на овој наш креативен детски фестивал“, велат од ДКЦ „Карпош“.