ЕМОЦИИТЕ НА ДРЕЈК ГО НОСЕА ТОРОНТО РЕПТОРС КОН ПРВОТО НБА-ФИНАЛЕ

Торонто, (АП)

Седумдесет и три години откако во Торонто се одигра првиот меч во историјата на НБА, големото финале на плејофот за првпат ќе се игра надвор од САД.

Торонто репторс ќе се бори за својата прва НБА-титула против актуелниот двократен првак Голден стејт вориорс и по победата над Милвоки бакс од 100:94 на шестиот натпревар, во салата немаше посреќен и погорд човек од најголемата канадска музичка ѕвезда Дрејк.

(Фото: Гети)

Роден и пораснат во Торонто, Дрејк буквално беше шестиот играч на тимот во текот на целиот натпревар и на моменти, неговите реакции беа во фокусот на камерите почесто отколку тренерот Ник Нрс.

Седејќи до самиот терен, неколку столчиња од тренерот Нрс, Дрејк лудуваше и емотивно проживуваше секое промашување и секој кош на неговиот тим, кој го именуваше за свој глобален амбасадор во 2013 година.

(Фото: АП)
(Фото: Гети)