ЕВРОВИЗИЈА, ФУДБАЛСКО ЕУРО, ПА ТОКИО – ИТАЛИЈАНСКА ГОДИНА НА ГОЛЕМИ ТРИУМФИ

Токио, (Би-Би-Си)

Италија ги имаше најдобрите Олимписки игри во историјата. Всушност, ова е лето на триумфи какво што ретко се случува на една земја.

Во историјата на човештвото, ова е најдобрата година за Италија досега. Заборавете на Римското Царство. Ова е нешто најголемо досега. Тие го покорија светот“, изјави британскиот спринтер Ричард Килти откако неговиот тим беше победен од Италија на штафетната трка 4х100 метри и тоа за само една стотинка.

Ова e навистина златна година за Италија:

  • триумф на Евровизија во мај
  • освојувач на Европското фудбалско првенство во јули
  • Матео Беретини првиот Италијанец во финалето на Вимблдон
  • освоени рекордни 38 медали, од кои десет златни, на Олимписките игри во Токио, вклучувајќи ја победата на Ламонт Марсел Џејкобс на 100 метри.

Пред Токио, Италија најмногу медали имаше освоено во Лос Анџелес во 1932 и Рим во 1960 година, по 36. Исто така, Италија доби рекордни пет олимписки шампиони во атлетика.

Ние сме кошмар за англискиот спорт ова лето, а во случајот на Олимписките игри, и на целата Велика Британија. Ова најдобро го сумираше ‘Дејли мејл‘ со насловот ‘Повторно таа Италија‘“, напиша „Кориере дело спорт“, додавајќи:

Италија нема да престане да го сонува историското злато на 4х100 метри. Ние сме најбрзите на светот“.