ФИЛМСКАТА ИНДУСТРИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА ГО МЕРИ НИВОТО НА СТРЕС ЗА ДА ЈА ОДРЕДИ ЦЕЛНАТА ПУБЛИКА

Берлин, (ДПА)

Германски научници дојдоа до заклучок дека можат да се измерат нивото на страв и нивото на стрес во киносалите, што ќе може да се користи како објективен метод во филмската индустрија за да се определи дали еден филм е соодветен за помладата публика.

Научниците од Институтот за хемија „Макс Планк“ во Мајнц открија дека нивото на исопрен значително расте за време на филмови, што кинопубликата ја прави нервозна или напната. Научниците го мереле нивото на исопрен за време на 135 проекции на 11 различни филмови.

Исопрен е хемикалија која се ослободува од човечките тела, кога и да се направи некакво движење.

„Додека седиме на седиштето, ненамерно се движиме напред-назад и мускулите се напнуваат“, вели Џонатан Вилијамс, одговорен на истражувањето.