Седмото издание на фестивалот на краток филм Дрим шорт ќе се одржи од 14 до 17 август во Струга.
Филмовите ќе бидат распределени во натпреварувачките програми, како: тоа регионална, меѓународна,студентска и специјална програма „Соочување со минатото“, во селекција на режисерот Иван Бакрач.
Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе ја претстави специјалната програма „МК Специал” со цел промоција на македонскиот филм и младите македонски автори.
Според организаторот, гостинските програми оваа година се резултат на соработка со ДокуФест од Косово и Сараево филм фестивал. Во соработка со Еко-свест ќе има и ревијална програма на филмови чија главна тема е екологијата и заштитата на животната средина.
Мастерклас ќе држи иранскиот режисер Али Ашгари.
Влезот за сите настани е бесплатен.