„ИГРА НА ТРОНОВИ“ БЕШЕ ЛУДО ПАТУВАЊЕ, НО НЕ Е ГОТОВО, ВЕЛИ АВТОРОТ ЏОРЏ РР МАРТИН

Њујорк, (АП)

„Игра на тронови“ заврши, познато е кој ќе владее со сега веќе Шесте кралства, но што следува потоа?

Џорџ РР Мартин, писателот врз основа на чии дела беше снимена мегапопуларната серија на Ејч-Би-О, вели дека ова беше лудо патување.

„Тоа беше крај, но исто така и почеток“, изјави Мартин по емитувањето на последната епизода.

Седумдесетгодишниот Мартин сè уште работи на својата нова книга „Ветрови на зимата“ и вели дека иако е свесен дека доцни, таа ќе биде завршена. Само не кажа кога. По неа ќе следува „Сон за пролет“.

Тој вели дека фановите често го прашуваат дали новата книга ќе има ист крај како серијата или ќе биде различен.

„Па, и да и не. Кога ќе ја напишам, луѓето ќе можат да ја прочитаат и потоа сите ќе можат да дискутираат за неа на интернет“, вели Мартин.