Мал индустриски град во североисточна Романија стана позната туристичка дестинација. Команешти е местото каде што огромен број посетители од далечната Јапонија избираат да поминат зимски одмор.
Тие доаѓаат во Романија за да видат годишен настан со милениумска традиција – луѓе од сите возрасти облечени во мечкина кожа, кои организирани во групи, маршираат и танцуваат на заглушувачкиот звук на тапаните.
Фестивалот „Танцувачки мечки“ започнува во деновите пред Божиќ. Кожите што ги носат танчарите можат да тежат до 50 килограми, а се пренесуваат од генерација на генерација. Тие внимателно се чуваат за да се одржат крзната во добра состојба и за да бидат подготвени за носење следната година.
Една од попознатите групи има 120 членови, а некои почнале да учествуваат на овој настан на возраст од три години.
(Фото: АП)