КАРИКАТУРИ НА УЧЕНИЦИ НА ТЕМА „ДЕМОКРАТИЈА“ ВО ГАЛЕРИЈАТА „ОСТЕН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во 12 часот, во галеријата „Остен“ ќе се отвори изложбата на карикатури на тема „Демократија“.
Изложбата е завршен настан од проектот „Доза на сатира за здрава демократија”, реализиран со поддршка на Програмата за грантови на Комисијата за демократија на Амбасадата на САД во Македонија во текот на 2017 година.

Изложени се карикатури на познати интернационални карикатуристи и на млади талентирани ученици од средните училишта во Македонија „Наим Фрашери” – Тетово, „Славчо Стојменски” – Штип, „Горѓи Наумов” – Битола, „Јане Сандански” – Битола и од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски” од Скопје.
На отворањето ќе бидат промовирани и публикација и кратко видео од сите фази на проектот.