В среда, во камерната сала на Филхармонија од 20 часот, концерт ќе одржи пијано триото „30 прсти“. Во триото свират нашите пијанисти Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски.
На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх, Д. Букувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков.
Пијанистката Марија Вршкова е од Битола. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на професор Тодор Светиев и добитник е на повеќе награди во поранешна Југославија, а најзначајна ѝ е наградата Трети ноември на меѓународниот натпревар на млади пијанисти во Рим. Работи како вонреден професор на ФМУ во Скопје.
Весна Ангелова- Христов дипломирала на ФМУ Скопје во класата на професор Борис Романов. Магистрирала на интепретација на пијано на ФМУ под менторство на пијанистка Рита Кинка. Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди. Работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николоски – Луј“ во Скопје.
Петар Макариевски дипломирал на ФМУ Скопје во класата на професорката Јасминка Чакар.Од 2001 до 2003 посетува магистерски студии во Софија, а од 2011 година добива асистентско место на Државниот Универзитет во Атланта, САД, и паралелно завршува магистерски студии кај професрот Серѓо Гало. Додека живеел во САД активно сгирел на концерти и работел како хонорарен пијано соработник на Универзитетот. Во 2005 година со Весна Ангелова го формираат камерното дуо пијано. Од 2019 година е уметнички соработник-пијанист на ФДУ во Скопје.