Оскаровецот Леонардо ДиКаприо ќе донира три милиони долари за обнова на дивиот свет во Австралија по катастрофалните пожари. Изминатото лето, неговата еколошка фондација Earth Alliance донираше пет милиони долари за заштита на амазонските дождовни шуми во Бразил.

Организацијата објави дека го основала Фондот за дивиот свет во Австралија за да придонесе во меѓународната помош за справување со последиците од пожарите.

Во пожарите досега загинаа 25 луѓе, уништени се над 2.000 домови, а огромни уништувања претрпе и животинскиот свет.

Австралискиот актер Крис Хемсворт и сер Елтон Џон претходно донираа по еден милион долари за помош на пожарникарите, а 500.000 долари ветија Никол Кидман, Пинк, „Металика“ и Ник Кејв.