Маскирани деца од градинките и основните училиште во Скопје денеска прошетаа по Плоштадот Македонија, иако немаше организирана манифестација. Град Скопје годинава не организираше маскенбал, што е традиција години наназад за 1 април.
На плоштадот сè уште стојат новогодишните куќарки, кои Град Скопје ги постави пред Нова година во рамките на новогодишното украсување.
Фото: К. ПОПОВ