На 30 ноември од 20 часот, на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи културниот настан „Напуштени места“, кој ги спојува танцот и филмот.
Во организација на здружението „Културен центар Медиа Артес“, настанот е дел од проектот „Сиот свет е сцена“. Ќе започне со проекцијата на краткиот експериментален филм „Лима“ на режисерот Батухан Ибрахим и кореографката Ивана Балабанова.
Потоа следува танцовиот перформанс „Лиминално тело 2“ на кореографката Ивана Балабанова, во кој играат Тереза Лазарев и Стефани Шааршмит.