Њукасл е последниот фудбалски клуб кој доби богати газди од Блиски Исток. Премиерлигата го одобри преземањето на Њукасл од страна на Јавниот инвестициски фонд (ПИФ) од Саудиска Арабија во зделка вредна 305 милиони фунти, откако добила гаранции дека самата држава нема да го контролира клубот.
Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, е заведен како претседател на ПИФ, чии средства се проценуваат на 250 милијарди фунти, со што Њукасл ќе биде еден од најбогатите фудбалски клубови на светот.
„Сопствениците планираат долгорочни инвестиции во клубот, со цел да се обезбеди тој постојано да се натпреварува за големи трофеи. Се разбира дека ќе имаме исти амбиции како Манчестер сити и ПСЖ, но за тоа треба време“, изјави британската финансиерка Аманда Стевили, која помогна да се реализира зделката и ќе биде нова директорка на клубот.
Последниот голем домашен трофеј што го освои Њукасл беше ФА купот во 1955 година. Моментално се наоѓа на 19. место на табелата, без победа оваа сезона.