ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ ЌЕ СЕ ОДРЖУВА И 15.700 КИЛОМЕТРИ ПОДАЛЕКУ НА ТАХИТИ

Париз, (Би-Би-Си)

Организаторите на Летните олимписки игри 2024 во Париз објавија дека натпреварите во сурфање ќе се одржат во Тахити, оддалечен 15.700 километри.

Доколку одлуката биде одобрена од Меѓународниот олимписки комитет, сурферите ќе се борат за титулата олимписки првак покрај брегот на селото Теахупо, каде што се формираат најдобрите бранови за овој спорт, но кои често се сметаат преопасни за жени. Тахити притоа доби предност во однос на плажите на југозападна Франција и Бретања.

Лет од Париз до овој остров во рамките на Француска Полинезија трае 22 часови и на врвот на летната сезона чини околу 2.000 фунти.

Сурфањето ќе дебитира во олимписката програма на Игрите во Токио следната година.