Петтиот Медиумски фестивал Скопје почнува вечерва во 20 часот со дискусија посветена на годинешната тема „Жените во медиумите“. Истражувачката новинарка Сане Терлинген од Холандија и Елиса Муњос, раководителката на Меѓународната медиумска фондација на жените, ќе разговараат за позицијата на жените во медиумската сфера и за предизвиците со кои се соочуваат.
Фестивалската програма ќе биде презентирана онлајн на Фејсбук страниците на ПИНА и МФС, а публиката ќе има можност да проследи и повеќе филмови на Cinesquare.net на Катавеј и mfs.mk.
Она што започна како Истражувачки филмски фестивал годинава прерасна во Медиумски фестивал за да вклучи што повеќе теми од променливиот свет на современите медиуми. Тој ќе трае до 8 октомври.
Медиумски фестивал Скопје е во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА) и годинава се реализира во партнерство со Канцеларијата на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје и Холандската амбасада во Скопје.