ПОЧНУВА 31. САЕМ НА КНИГА, ЗЕМЈА ВО ФОКУС Е УНГАРИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска, во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје се одржува 31. издание на Меѓународниот саем на книга. Годинава, „Земја во фокус“ е Унгарија, а ќе се претстават околу 70 издавачи од Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија и од Данска. Саемот ќе трае до 14 мај, а работното време е од 10 до 20 часот.

Во соработка со ЈСП, за полесен пристап до Саемот се воведуваат две нови автобуски линии, 100 и 200. Линијата 100 ќе се движи од населбата Ново Лисиче до „Борис Трајковски“, додека бројот 200 ќе сообраќа од населбата Дексион до арената.

Влезница за Саемот чини 30 денари, додека за организирани посети на ученици е 20 денари.