ПОПУСТИ ДО 70 ОТСТО НА ЈУБИЛЕЈНИОТ 30. САЕМ НА КНИГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Книги со попуст до 70 отсто ќе се продаваат на јубилејниот, 30. Саем на книга, кој од денеска до 9 мај ќе се одржува во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Слоганот е „30 години читаме со задоволство”, а според организаторот Скопски саем, ќе учествуваат околу 70 издавачки куќи од Македонија и од регионот (Србија, Црна Гора, Косово и Албанија).

За време на Саемот, издавачите најавуваат промоции, средби на авторите со читателите и семинари.

За подобар пристап до Саемот, на барање на Скопски саем, ЈСП воведе две нови автобуски линии кои ќе водат до „Борис Трајковски”. Од денеска до 9 мај, линијата 100/1 ќе сообраќа од населбата Ново Лисиче до „Борис Трајковски“ од 11 до 19 часот, а линијата 200/1 од населбата Дексион до арената.

Билетот за Саемот на книга чини 30 денари, а влезот за сите групни и организирани посети на ученици ќе биде бесплатен.

Работното време на Саемот е од 10 до 20 часот.