ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЉУБОВНИТЕ ПИСМА НА ШАРЛА“ ОД ДАВИД АНГЕЛЕВСКИ УТРЕ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во дворот на кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, утре со почеток во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Љубовните писма на Шарла“ од Давид Ангелевски. Станува збор за збирка текстови, еден вид книжевни илустрации на музичките изданија кои ги објави независната издавачка куќа „Шарла рекордс“ од 2013 до 2023.

Книгата изобилува и со фотографии од разни настани организирани од „Шарла“, извадоци од интервјуа и текстови на песни, со кои се заокружува документарната функција на оваа книга, посветена на десетгодишнината од постоењето на овој музички издавач.

Книгата е издадена во соработка со независниот книжевен издавач „АШ“.

(Фото: З. Петровски)