РАМА НЕМАШЕ ВРЕМЕ ЗА КАФЕ, АМА БАРАШЕ ПАУЗА ЗА ЦИГАРА СО ЗАЕВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Albanian PM Edi Rama drinks a watter during the session of Summit 100,business leaders of South East Europe in Skopje, the former Yugoslav Republic of Macedonia on 17 October 2017.

Албанскиот премиер Еди Рама, кој претпладнето беше на средба со лидерите на партиите на Албанците во Македонија и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, задоцни на бизнис САМИТ100 за бизнисмените од Југоисточна Европа, што вчера и денес се одржа во Скопје.

Поради доцнењето тој немаше време за кафе, бидејќи веднаш почна премиерската панел дискусија, на која освен Рама учествуваа и премиерот на Македонија Зоран Заев, премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.

По завршување на панел дискусијата, според протоколот беше предвидена заедничка прес конференција на четворицата премиери, но Рама побара пауза за цигара. Тој праша каде овде се пуши, а македонски премиер Заев го повика да одат надвор пред хотелот на цигара.

Рама на бизнис самитот беше ѕвезда. Тој се појави во црни патики, црн костим и црвена вратоврска.