ШТИПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА ГО ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЕТО „АЦО ШОПОВ“ НА ПАСКАЛ ГИЛЕВСКИ

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Поетот, раскажувач и преведувач Паскал Гилевски е годинашниот добитник на признанието „Ацо Шопов“, што Центарот за култура во Штип го доделува за афирмација и популаризација на ликот и делото на големиот македонски поет.

Признанието ќе се додели денеска на манифестацијата „Во чест на Ацо Шопов“, која секоја година се одржува на 20 декември, кога е денот на неговото раѓање.

Манифестацијата која почна да се одржува во 1985, три години по смртта на Шопов, годинава ќе биде збогатена со промоција на 10 тома собрани дела на Раде Силјан.

Т. ЈОВАНОВСКИ