СОВРЕМЕН НАКИТ ИНСПИРИРАН ОД ФЛОРА И ФАУНА НА ИЗЛОЖБА ВО ПРИРОДНО-НАУЧНИОТ МУЗЕЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Природно-научниот музеј во Скопје ќе се отвори групната изложба на современ накит, насловена „Флора версус фауна“, во организација на „Капка накит“.

Пет дизајнери, Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од тематиката флора и фауна, направија уникатни парчиња накит под заедничко име „Флора версус фауна“.

„Живееме на прекрасна планета. Полна со живот. Токму оваа планета секојдневно нѐ воодушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна со растенија и животни, кои се избориле да опстанат овде со нас“, велат дизајнерите.

Поставката ќе биде отворена до 30 септември, од 9 до 16 часот.