Моделите на „Алфа ромео“, „стелвио“ и „џулија“, не престануваат да освојуваат престижни награди во автомобилската индустрија.
Првиот теренец на италијанската компанија „стелвио“ беше прогласен за најдобар нов автомобил за 2018 година и наградата свечено му беше доделена во Милано. Во силна конкуренција на 12 модели од различни сегменти и брендови, тој освои 34,2% од гласовите на читателите на магазинот „Кватроруте“
„Стелвио“ претставува врв на сигурност, ги поседува петте ѕвездички на Euro NCAP, и ја има титулата најбрз СУВ на писта. Тој ја доби и првата награда на „CCT100 Awards“ во категоријата „премиум СУВ“ за нискиот обем на емисии и за неговата сериска опрема за безбедност.

„Џулија“, пак, повторно триумфираше во изборот на реномираниот германски магазин „Авто мотор унд шпорт“. Втора година по ред, читателите ја избраа за најдобар автомобил од увоз во средна класа, добивајќи 22,4% од гласовите.
Истовремено, британското списание „What Car?“ ја прогласи оваа спортска лимузина за автомобил со најдобри спортски перформанси, што е веќе седма награда за овој модел во Велика Британија во последните 12 месеци.