Колективот „Зеро“ се претставува со изложбата „0-ꝏ (Од нула до бесконечност) во „One Gallery“ во Софија. Изложбата е во организација на Центарот за креативни индустрии НЕБО од Суводол, Демир Хисар и галеријата од Софија, со поддршка од Министерството за култура на Македонија.
„Како што Нулата нема почеток ни крај, така и прикажаните дела на оваа изложба немаат своја хронолошка позадина, ниту, пак, некоја концепциска форма, што јасно укажува и на суштината на колективот ‘Зеро‘. Кај нив, таа спонтаност носи некој метафизички ред во хаосот“, велат од Центарот за креативни индустрии.
Прикажани се дела од раниот период на групата, индивидуални дела на уметниците, но и заеднички дела – фотографии врз кои се извршени интервенци во сликарска или дигитална форма.
Денес колективот „Зеро“ го сочинуваат: Миодраг Десовски, Перица Георгиев, Зоран Јаневски, Александар Станкоски, Беди Ибрахим, Златко Трајковски (1960-2017), Стеван Шашков, Синиша Цветковски, Сашо Јовчевски и Горанчо Ѓорѓиевски.