УШТЕ 30 ДЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА, ПРВПАТ ПОВЕЌЕ ОД 100 НОВОЗАРАЗЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
An elderly woman wearing face mask prays, day before Good Friday in orthodox church in Skopje, Republic of North Macedonia, 16 April 2020. The Macedonian government has implemented stricter measures to slow down the spread of the Covid-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus in the West Balkan nation. People older than 67 can go outside only two hours, between 10 am to 12 am. A curfew has been put in place between 4 pm and 5 am. For upcoming weekend, when orthodox believers celebrate Easter,(according by Julian calendar) curfew start from Friday evening until Tuesday morning. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот Стево Пендаровски ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште 30 дена, на денот кога првпат беше регистрирана трицифрена бројка новозаразени со коронавирусот.

  • Во последните 24 часа се потврдени дури 107 позитивни теста на коронавирус, најмногу во еден ден досега.
  • Од нив, 28 се во Скопје, а 44 во Куманово, вклучувајќи го и градоначалникот Максим Димитриевски.
  • Поради вчерашната средба со Димитриевски, од денеска во изолација се техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за култура Арбр Адеми.
  • Во Македонија досега има 1.081 случај на зараза, најмногу во Скопје (367) и Куманово (306).
  • Педесетгодишен маж од Струшко е 46. жртва на КОВИД-19 во Македонија.
  • Вкупно заздравиле 121 лице, од кои 23 се нови.
  • Во услови кога Собранието е распуштено, претседателот Пендаровски прогласи нова 30-дневна вонредна состојба во земјата.
  • На светско ниво досега има повеќе од 2,1 милион заразени и над 142.000 починати од КОВИД-19.