ВЛАДИМИР ЈАНЧЕВСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „ЛАДИСЛАВ БАРИШИЌ“ ЗА ЛИКОВНА КРИТИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Владимир Јанчевски е годинашниот добитник на наградата „Ладислав Баришиќ“ за ликовна критика, што ја доделува Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија.

Јанчевски ја доби наградата за неговиот предлог истражувачки проект „Политички слики после смртта на уметноста: фотомонтажните интервенции како релевантна политичка акција и нивната дисеминација во медиосферата“.

За наградата одлучи комисијата на Здружението во состав Мира Гаќина (историчар на уметноста и куратор), Славчо Димитров (теоретичар на културата) и Бојана Јанева-Шемова (историчар на уметноста и куратор).

Триесет и петгодишниот Јанчевски е самостоен истражувач кој живее и работи во Скопје. Паралелно работи во областа на современата уметност и визуелните студии.