ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ ПРОМОВИРА НОВА КНИГА ПОЕЗИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новата книга на поетот, прозаист и есеист Владимир Мартиновски, „Дур дишам се надевам“, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во Скопје. Книгата во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации од Александра Филипоска.

„Латинската поговорка Sine linqua Latina nulla intelligentia (Без латински јазик нема знаење), која се чини е одамна заборавена, е појдовната идеја на книгата. ‘Дур дишам се надевам’ е скромен обид да научиме или да се потсетиме на барем мал дел од големите мудрости, стокмени во кусите латински пословици и поговорки, кои се и наслови на овие уникатни, забавни и поучни песни“, вели издавачот.

Мартиновски работи како редовен професор по компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици.