Од денеска (11 декември), во продажба се билетите за петтиот концерт на Владо Јаневски во Филхармонијата, кој е закажан за 27 јануари.
„Авалон продукција“ објави дека по трите концерти кои кантавторот ги одржа во ноември и по распродадениот четврти концерт на 26 јануари, закажан е и петти. Серијалот концерти на Јаневски е наречен „Златни години – најдоброто од Владо Јаневски” и е во рамките на славењето на 30 години „Авалон“.
Од продукцијата велат дека ова е последен концерт на Јаневски во овој циклус, а влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во нивната продажна мрежа низ Македонија.
(Фото: К. ПОПОВ)