Луѓето илјадници години ја одгледувале марихуаната како култура, но досега имаше малку историски и археолошки докази дека го користеле растението за она по што е најпознато денес – за дување. Ископувањата во 2.500 години стара гробница во западна Кина ги открија најстарите јасни докази за користењето на канабис поради неговите психоактивни состојки.
Научници од Кина и Германија анализирале дрвени фрагменти и изгорени камења од садови од гробницата и притоа е утврдено совпаѓање со хемиската структура на канабис, и тоа со високо ниво на ТХЦ, неговата најмоќна психоактивна состојка.
Авторите на студијата велат дека канабисот најверојатно бил користен при погребни церемонии или како начин да се комуницира со мртви и божества. Сепак, тешко е за верување дека тој се пушел како што тоа се прави денес и поверојатно е дека чадот се вдишувал како кога се горат миризливи стапчиња.
„Канабисот се горел на жешки камења во садови. Тоа е единствениот можен начин за негово пушење пред појавата на лулиња“, вели Никол Болвин, директорката на Институтот „Макс Планк“.