Во Македонија има четири нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка се зголеми на 13, од кои првата пациентка сега има негативен тест и ќе биде пуштена на домашно лекување.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека овие четири случаи се поврзани со брачната двојка од Дебар, која имаше позитивен тест на 6 март, по враќањето од Италија.
Од досега заразените, влошена е состојбата единствено на првата пациентка од Дебар, кажа Филипче. Владата денеска донесе одлука да прогласи кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде што движењето ќе биде ограничено.
Откако вчера беше ограничено работното време на кафулињата и рестораните до 18 часот, Владата денеска донесе уште една мерка и забрани влез на сите странци кои доаѓаат од земјите со висок ризик од зараза. На оваа листа се наоѓаат Кина, Јужна Кореја, Иран, Италија, Германија и Шпанија.