ЗА ОЧЕКУВАЊЕ Е НАЕСЕН ДА ИМА ВТОР БРАН НА КОРОНАВИРУС И ЌЕ БИДЕМЕ ПОДГОТВЕНИ, КАЖА ФИЛИПЧЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека Македонија наесен несомнено ќе се соочи со втор бран на зараза, додека уште две лица починаа од КОВИД-19.

  • Седумдесет и седумгодишен тетовец и 78-годишен скопјанец се последните две жртви на КОВИД-19 во земјата.
  • Од почетокот на кризата починаа 106 лица.
  • Регистрирани се 22 нови случаи на коронавирус (од 533 тестирања), од кои осум во Скопје, четири во Велес, три во Тетово, по два во Штип и Прилеп и еден во Струга, Гостивар и Свети Николе, прв во овој град досега.
  • Во Македонија досега има 1.839 заразени, од што 382 се активни случаи.
  • Бројката оздравени изнесува 1.351, 50 повеќе во однос на вчера.
  • Министерот Филипче објави дека здравствените установи низ земјата се опремуваат и зајакнуваат во пресрет на очекуваниот втор бран на зараза, кој би требало да се случи наесен.
  • „Сите студии покажуваат дека ќе има втор бран. Ќе го дочекаме целосно подготвени“, кажа Филипче.