ЖЕНИ ВО НАРОДНИ НОСИИ ДЕНЕС И ПРЕД 100 ГОДИНИ СЕ ТЕМАТА НА ИЗЛОЖБАТА НА ФИЛИП ПЕТКОВСКИ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)
KODAK Digital Still Camera

Во фоајето на Велешки театар е отворена изложба на фотографии на мултимедијалниот уметник Филип Петковски од Скопје. На аудио-визуелната изложба насловена „Вита“ (живот), тој понуди фотографии на жени во народни носии денес, но и стари повеќе од 100 години, каде е зачувано македонското фолклорно наследство.

„Обработувам тема, објективизиција на женското тело, преку црно-бели фотографии од крајот на 19. и почетокот на 20. век. Овие жени биле фотографирани поради носиите кои ги носат. Никој не прашал кои се, какви животи имале, како се викаат. На фотографиите има неодредени емоции“, кажа Петковски, кој е и режисер и кореограф.

Тој земал осум модели, актерки и танчарки, со кои снимил нови фотографии и притоа им дал повеќе емоции.

П. ПЕЧКОВ