Тестирањата на четиридневна работна недела на Исланд биле огромен успех и довеле до тоа многу работници сега да работат помалку часови, изјавија истражувачите. Тие биле спроведени од 2015 до 2019 година, при што луѓето добивале полна плата за помалку работни часови.
Истражувачите велат дека продуктивноста останала иста или се подобрила на повеќето работни места.
Вакви тестирања се прават и во други делови од светот, како Шпанија и Нов Зеланд. Тестирањето на Исланд било спроведено од градскиот совет на Рејкјавик и владата, а биле вклучени 2.500 работници. Многумина од нив се префрлиле од 40 на 35-36 работни часови неделно.
„Како резултат на ова, синдикатите преговараа за нови шаблони на работа и сега, 86% од работоспособното население на Исланд или работи помалку часови за иста плата или ќе го добие тоа право. Работниците кажаа дека чувствуваат помалку стрес и исцрпеност и дека им се подобриле здравјето и балансирањето на работата и приватниот живот“, велат истражувачите од организациите Автономија и Асоцијација за одржлива демократија.