Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сега е и писател со милионски тираж.
Политичкиот трилер „Претседателот е исчезнат“, што Клинтон го напиша со авторот на бестселери Џејмс Патерсон, се продаде во повеќе од еден милион примероци во печатена форма, аудио верзија и како е-книга во Северна Америка, откако излезе на 4 јуни.
Клинтон претходно има напишано четири книги, меѓу кои и мемоарите „Мојот живот“.
Заплетот се врти околу катастрофалниот сајбер напад врз САД, кој му се заканува и на светот. Како што одминува времето, претседателот исчезнува.
Кабелскиот гигант „Шоутајм“ веќе ги откупи правата за романот и ќе снима ТВ-серија, која треба да се емитува в година.